После бројните аудиции, падна одлуката за тоа кому да му припадне водителската палка од првата сезона на најпопуларното музичко шоу на светот, „X Factor“, чие емитување ќе започне на 29. октомври на Сител телевизија и на други регионални канали. Честа му припадна на талентираниот актер Бане Јевтиќ.
Роден е во Белград на 11. август во 1978. година. Студирал на Економскиот факултет, а потоа се запишува и на Академијата на уметноста на отсекот глума. Професионалната кариера ја започнува во 2001. година во театарот со претставите „Мракот на летната ноќ“ и „Процес“. Актерката кариера ја развива во претставите на Југословенскиот Драмски Театар. Актерот играл во претставите што ги имаат освоено најпрестижните театарски награди во целиот регион.
Бане успешно се занимава и со надсихнронизација на цртани филмови.
Крис Манев | ТВ Пакет