Се сеќавате ли на латиноамериканската сапуница „Еснералда“ и актерката Летисија Калдерон која го играше главниот лик во серијата? Сега 45-годишната актерка открива дека во најуспешните моменти од својата кариера се навлекла на кокаин, пренесува српскиот Телеграф.
„Бев млада, на врвот од кариерата, полна со пари и се ми беше достапно. Непромисленоста и лудоста за малку ќе ги платев со животот. Шмркав кокаин, а во тоа ме навлекоа долгогодишните пријатели“, изјави Летисија, која одлучила да престане да се дрогира кога една од нејзините најдобри пријателки и умрела на рацете, откако заедно земале дрога. Додаде дека процесот на одвикнување бил особено тежок, како и оти долго се борела со депресијата.
„Среќна сум што таа ноќна мора е зад мене. Дрогата е зло кое уништува животи. Затоа не треба да се молчи за тоа, туку треба да се едуцираат луѓето и да се предупредат за сите опасности на порокот“, порачува ѕвездата од серијата „Есмералда“.
Крис Манев | ТВ Пакет