Австралијанецот со македонско потекло Боби Андонов е младо талентирано момче кое ја претставуваше Македонија на детскиот „Евросонг“ во 2008. година со песната „Прати ми СМС“.
Но, можеби највпечатливо за започнување на неговата кариера беше пријавувањето на австралиското музичко шоу „Australia’s got talent“ во 2010. година. Уште на првата аудиција кога ја отпеа „Hallelujah“, жирито и целата публика останаа без зборови.
Неговиот талент го однесе до финалето, но за жал го освои само четвртото место. Сепак, тоа беше само почеток на неговата кариера која се надеваме ќе прерасне во светска.
Од 2010. година до сега, Боби зад себе има неколку прекрасни песни.
Во прилог е новата песна на Боби Андонов со наслов „Broken“.
Мите Иванов | ТВ Пакет