Водителката Снеже Велков е дел од екипата на регионалниот „Х Фактор“. Веќе неколку месеци неуморно работи со Балканскиот тим и буквално „дише“ со проектот наречен „Х Фактор“.
Таа вели дека со еден збор може да се опише она што вечерва ќе го видиме на Сител – МОЌНО!
– Х Фактор е светско шоу кое сме го гледале на сателитските канали или сме ги гледале клиповите на интернет.Сме се воодушевувале на тоа како “обични смртници“ пејат така добро на сцена која изгледа совршено.Знакот Х на неа толку моќно… Судиите строги, одважни, недопирливи, достојни за респект. Целиот спакуван проект Светска “направија“. Е токму таков ама потполно ист е и Х Факторот направен за Балканов. Х Факторот кој Сител ќе го понуди вечерва во 21:00 часот по ништо не се разликува, и се е токму така како што сте го виделе на интернет. Моќно – објаснува водителката на Сител Снеже Велков.
За кандидатите:
– И овде има обични балканци кои пеат совршено, се чудиш од каде 15 годишно девојче вади таков глас? А тоа девојче да ти е од Богданци на пример. Да ти дојдат солзи на очи кога некој ке ја запее Адел и тоа подобро од оригиналот. А тоа да ти биде девојка од Врање. Да му скинеш капа на некое момче од Подгорица кога ќе се распее како Бочели.
За жирито:
– Судиите и отмени и надмени и престроги и убаво расположени и зајадливи. Емина шармерка, Кики опуштен, Жељко напнат со доза на ароганција, Кристина принципелна. Сите четворица совршено се надополнуваат еден со друг. А какви се на судиското столче такви се и кога не се снима. Кристина нон стоп „мрчи“ за квалитетна музика Жељко „од високо“ ќе констатира оти тукутака не се станува пејач, Кики Лесендриќ во секој кандидат бара да има „нешто“ што би го задржало на сцената, а Емина е милина за очи и уши. Дури кога ќе каже „не“ на кандидат ќе додаде едно „за жал“, да не можеш да и се налутиш.
Од лична перспектива:
Чувствата прекрасни, гордоста присутна оти знаеш дека меѓу тие подобрите тие фаворитите има и Македонци. Без никакви привилегии без мито и корупција без ургенци, на Х Фактор своето место си го заслужуваат само најдобрите. Некој од кандидатите се веќе видени, многумина од македонските кандидати си ги споделија своите искуства преку социјалните мрежи. Секој со свое видување. Но она што можам да гарантирам е дека од вечерва Сител Телевизија со гордост ке го емитува и со кеиф ке констатира дека стои зад најголемото шоу во потрага по таленти „Х Фактор“. А кој ќе победи и дали ќе биде од Македонија? Работиме на тоа.
Вечерва во 21:00 часот, односно веднаш по турската серија „Судбината на Фатмаѓул“ не пропуштајте го стартот на најголемото музичко шоу на планетата „Х Фактор“.
Крис Манев | ТВ Пакет