Жирито прв пат се расплака
Емина Јаховиќ се расплака по настапот на една натпреварувачка во музичкото шоу „X Factor“ што се емитува на Сител.
– „Навистина беше феноменална. Не знам што повеќе да кажам“ – изусти Емина по настапот на една натпреварувачка и почна да ги брише солзите.
И фронтменот на групата „Пилоти“, Кики Лесендриќ го трогна изведбата на еден од учесниците, потсетувајќи го на драгите пријатели кои повеќе не се меѓу живите.
– „Мислам дека моите пријатели кои се некаде горе на небото, вечерва би биле среќни да те слушнат“ – рече Кики.
Не пропуштајте ги наредните епизоди од најпопуларното музичко шоу „X Factor“ што се емитува од понеделник до петок во 21:00 часот на Сител.
| ТВ Пакет