Почетна / Вебновела / Црвена месечина 120

Црвена месечина 120

Сто и дваесетто продолжение од вебновелата “Црвена месечина”

 

 

За време на ручекот, Артемио ја извести Лусија за договорот со Антолин за ликвидација на Монтеро.
– Зборував со Антолин и смета дека најдобро место за одвивање на планот е близу реката.
– И како ќе дојде до несреќата?
– Едноставно. Пред мостот, има една кривина. Еден од луѓето на Тони ќе го известат кога Фабијан ќе ја помине кривината. Потоа е лесно. Зборуваше ли со Естер?
– Да, утре ќе оди да ја испразни канцеларијата во агенцијата.
– Одлично. Кога Естер ќе ја напушти куќата, сакам веднаш да влезеш внатре и да ги најдеш документите. Се надевам дека се ќе оди по планот. Барем ќе имаме еден проблем помалку.

Кога Висента се врати од пазар, Лоренсо и помогна да ги остави торбите во кујната.
– Каде е Крисанта?, – ја праша.
– Остана да се види со некоја пријателка.
– Да одиме во мојата соба.
– Зошто?
– Мораме да зборуваме.
– За што?
– Матилде ми префрли дека те гледам само како забава и морав да и кажам за моите планови дека сакам да те оженам.
Очите на Висента светнаа кога го слушна предлогот.

Пас ги пеглаше алиштата на даската за пеглање, кога во собата влезе Маргарита, со полни кеси алишта и подароци.
– Од каде сето тоа ќерко?
– Ми ги подари Матилде, – излажа девојката.
– Матилде?
– Да, сега е милионерка и може да прави што сака. Погоди. Доња Висента се гледа со еден потстанар.
– Маргарита, ќерко, тебе не ти верувам ништо.
– И не е старец, туку е млад и згоден, со широки раменици и преубава насмевка.
– Страшно, – крикна Пас. – Секогаш мислев дека Висента е чесна жена.
– Мамо, не биди старомодна, тоа не ја прави помалку чесна.
– Како не? Госпоѓа на мои години со ќерка на твои да се гледа со помлад маж?! Страшно.
– Каква врска има тоа?

Кога Висента влезе во собата на Лоренсо, загрижено погледна во него.
– Што ли ќе помисли Матилде за мене?, – го праша.
– Љубовта не е грев, Висента.
– Зарем не сфаќаш, Лоренсо? Ова ќе и биде мотив да ме остави да замине со оној човек.
– Зарем не би сакала да останеш со мене?, – ја праша тој, нежно подигнувајки и ја брадата во негов правец.
– Добро знаеш дека сакам, но…
– Нема но…Се љубиме, Висента, – додаде и нежно и ги побара усните. – Се живее само еднаш. Не го заборавај тоа.
– Лоренсо, не мислиш ли дека избрзуваме?
– Како избрзуваме кога те љубам. Ми се допаѓаш…Ме полудуваш, – шепотеше тивко, спуштајки го своето масивно и цврсто тело преку нејзиното.
Ја љубеше по вратот и градите. Висента се чуствуваше жива по долго време. Ја стави својата рака на неговата задница, но пред да ја совлада страста, изрипа од креветот како попарена.
– Ова не смее да се случува, Лоренсо. Ова е смешно.
– Прости…те молам прости ми што навалив.
– Вети ми дека ова нема да се повтори. Морам да одам да го спремам ручекот.
– Застани, – рече и нежно ја повлече кон себе. – Сакаш ли заедно да разговараме со Матилде?
– Не. Не сега, – нервозно рече таа и ја напушти собата.

Првото појавување на месечината го означи раѓањето на ноќта. Хациендата беше мирна како и обично. Фабијан пиеше виски во работната соба, кога влезе Клеменсија.
– Утрово не го довршивме разговорот, – рече старицата. – Сакам да знам со што се занимава Артемио? Никогаш не сум знаеле од каде толку моќен и богат стана, преку ноќ. Низ селото се зборува дека е дилер на дрога, вистина ли е?
– Не, – негирше Фабијан. – Артемио заработува со нешто многу полошо од дрога. Шери, Клеменсија?
– Не благодарам. Со што тогаш се занимава Артемио?
– Пред да Ви кажам, сакам да знаете дека мојата сестра повеќе не работи за него. Си даде отказ.
– Навистина? Зошто?
– Бидејки Артемио не работи со агенции за недвижности…Артемио работи со простируција. Има нелегални агенции за проститутки ширум републиката, а дел од девојките против своја војла го прават тоа.
– Како тоа?
– Многумина од нив се приморани…Киднапирани.
Со десната рака, Клеменсија ја поклопи устата. Не можеше да поверува во тоа што го слуша.

Марија Клара читаше една од книгите за бременост во својата соба, кога влезе Клеменсија, по разговорот со Фабијан.
– Сеуште си будна, небо?
– Читам за бременоста. Одвај чекам да родам, тетко.
– И што би сакала да родиш? Момче или девојче?
– Сеедно. Што би сакала ти да родам?
– Би сакала девојче, – призна старицата. – Убаво девојче како тебе, небо мое.
– Тетко, се плашам дека моето дете може да ја наследи мојата болест…
– Не верувам, бидејки тоа не е наследно. Ти ја немаш налседено болеста од никого, Марија Клара. Освен тоа, ти си здрава млада жена, кој би рекол дека како мала си имала проблеми со развојот.
– Не сакам моето дете да биде ретардирано. Но, и да е така, никогаш не би го оставила како што тоа го сторила мојата мајка со мене.
– Не зборувај така, небо мое, – со скршено срце и рече Клеменсија, земајки ја во прегратка. – Во денешно време медицината е толку напредна што уште на ехо, гиникологот може да види дали твоето дете е здраво или не. Кога сме кај тоа, утре ќе одиме во градот на преглед. Не заборавај дека имаме закажано кај твојот гиниколог, небо. Затоа одмори се убаво. Лесен сон, ангелу мој.

Следното утро, Марија Клара беше нетрпелива и скептична за одењето во градот кај докторот. Сеуште немаше информација од Алехандро и тоа ја правеше нервозна.
– Сигурно ли ќе се вратиме до вечер?, – ја праша својата тетка која ј апакуваше торбата.
– Секако, каде инаку би спиеле, ќерко? Имаме закажано во четири, до десет сигурно ќе бидеме веќе дома. Ајде сега, Фабијан веќе не чека во комбито.

Фабијан го возеше сивото комби кое и припаѓаше на Ла Луна. Беше комотно за долг пат. До него седеше Марија Клара, која беше молчелива цело време, а на задното седиште беше Клеменсија која се жалеше на патот.
– Секогаш ме изморува патот до Веракруз. Не толку поради собраќајот, туку поради долгиот автопат кој ми делува бескрајно.

Кога ја поминаа големата кривина пред реката, еден човек во автомобил телефонски му прати знак на својот соработник дека метата ја поминала дадената точка. Од другата страна на патот, Антолин го запали големиот камион во бела боја и почна да вози над дозволената брзина на патот. Возеше во споротивен пат, право кон возилото со кое управуваше Фабијан и го минуваше мостот. Патот беше тесен и Фабијан немаше каде да оди, нету лево ни десно. Возеше директно кон камионот од спротива.
– Што му е на лудакот?, – преплашено крикна Клеменсија.
Беше на чекор пред двете возила да се судрат, кога Фабијан умешно го заврте автомобилот кон десната страна и камионот успеа да помине покрај комбито, без никаква штета.
– Типот е лудак, – извика Фабијан.
– Добро ли си, небо?, – Клеменсија ја праша својат авнука која полека доаѓаше при себе.

Артемио чекореше низ својот апартман со чашка бурбон во рацете, постојано гледајки на рачниот часовник. Во секоја секунда чекаше вести од терен. Заѕвоне телефонот.
– Што се случи?
– Невозможна мисија, шефе, – рече шоферот на камионот од другат астрана на линијата. – Изгледа дека човекот кој го возеше комбито знаеше како да постапи.
– Не требало да му дадеш опција за излез, имбецилу!

Санта Исабел, Порторико

Алехандро ја посети Дијана во нејзинот дом, откако зборуваше со инспекторот задолжен за случајот на Лорена.
– Има новости?, – го праша таа.
– Да. Девојката од сликата, онаа која ја видовме во Сан Кристобал, била онаа која ја изнајмила јахтата пред шест месеци. Платила во готово а договорот е потпишан на име Ана Вирхинија Гомез.
– Ана Вирхинија Гомез? И уште не можат да ја најдат?
– Не. Велат дека адресата која ја ставила во договорот не постои.
– И кога ја изнајмила јахтата?, – праша Дијана.
– Ден пред амбулантната кола да ја земе Лорена. Ја вратиле истиот ден кога ја нашле Лорена мртва на плажата.
– Страшно…Ако полицијата знае дека ја видовме таа жена во Мексико, ќе почнат да ги распрашуваат Артемио и Естер…Зарем не сфаќаш, Алехандро? Тоа е решението кое го чекавме со месеци, да ги откријат убијците!, – ликуваше Дијана.
– И што ќе добиеме со тоа? Артемио ќе оди во затвор а најверојатно и Фабијан како негов соучесник.
– Зарем тоа не е она што го сакаш?, – Дијана го праша, изненадена од неговиот одговор.
– Секако дека тоа е она што го сакам.
– Не можам да поверувам дека се вмешавме во змиско дувло и дека успеавме да излеземе живи, Алехандро. Тие луѓе се прави криминалци, дури Артемио ја силувал и Марија Клара па ја убил нејзината сестра.
– Она што најмногу го сакам е да се убијат еден со друг, – процеди Алехандро. – Проклетници! Кога Марија Клара ќе го роди детето, ќе ја одведам далеку. Полицијата нека се погрижи тогаш за нив.
– Во лошо време забремени Марија Клара.

Фабијан излезе од ординацијата на докторот. Во холот го пречека Клеменсија.
– Зошто излезе, Фабијан? Каде е Марија Клара?
– Имам лоша вест, Клеменсија…Марија Клара доживеала спонтан абортус. Го загубила детето.

Уште само 10 продолженија до крајот!

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!