Од понеделник повторно се случуваат промени во програмската шема на првиот канал на Македонската телевизија. Секој работен ден веднаш по Дневник 1 во 20:15 часот ќе се емитува италијанската сапуница „Маѓепсани“. Името ви звучи познато? Се работи за серијата која долг период се емитуваше на А1 телевизија, а МРТ 1 сега ќе ги прикажува 9-та и 10-та сезона кои одеа на А1 и на Алфа пред неколку години.
Љубовниот тригалник на докторот Алберто, неговата жена Елена и неговиот брат Давид се ликовите кои повторно ќе ги гледаме на телевизија. Зошто МРТ се одлучила на реприза наместо некоја нова драмска серија во ударниот термин, не знаеме.
Хумористичната серија „Бубалици“ ќе се емитува секој работен ден во 22:30 часот, а од понеделник пред полноќ започнува и третата сезона на криминалистичката серија „Менталист“.
Дани Петковска | ТВ Пакет