Катерина Стојановска деновиве навистина дигна голем медиумски прав и тоа не само кај нас туку и пошироко, во Србија, ја споредуваат со српската моделка Милица Живановиќ, а нејзината изјава се појави и во англиските медиуми. Сите социјални мрежи беа пребукирани од најразновидни коментари во врска со изјавата на Стојановски, а се со цел да и се наруши угледот, бидејќи на никој не му беше јасно, како може да се снимаат филмови со поодамна починати холивудски филмски ѕвезди? Од порталот Убавина и здравје ја контактираа Стојановска, па еве како таа им ја објасни ситуацијата.
– „Оф, леле не знаете колку сум нервозна! Знам дека цела Македонија се смее, ама за џабе се смеат. Не, не сум глупа да не знам дека тие се починати. Се работи за порно глумци кои се претставуваат со исти такви имиња. Затоа ми е многу криво што народов за џабе ме оцрни и ме направи глупа! Тој Зоки од „Фаци“ ми го уништи животот. Рани куче да те лае! Тој ми вика дека ме направил славна да бидам, а заборава кога го честев ручеци по кафеани, кога го носев во шопинг. Тој заработува на мене, емисијата со мене му е најгледана. А, сето тоа по портали што пишува за мене тој Зоки, тој пишува без моја дозвола тоа што ќе му текне“, изјави таа за Убавина и здравје.
Веднаш потоа новинари од тимот на „Екстра Ексклузив“ го контактирале Зоки Фаци кој им кажал дека сето тоа е измислено и всушност не е изјава на Катерина. Наводно, таа откако ја прочитала пренесената изјава му се јавила за да се извини.
– „Нејзината изјава е извадена од контекст“, изјавил Василевски за Хит портал. Повеќе за разврската на оваа приказна во вечерашното издание на „Есктра Ексклузив“.
| ТВ Пакет