Почетна / Сапуници / Арчана добива уште една улога во истата серија

Арчана добива уште една улога во истата серија

 

Продуцентите на индиската серија „Огнови на љубовта“ одлучија да и доделат уште една улога на актерката Анкита Локханде којашто веќе ја толкува главната ролја на Арчана во повеќегодишната сапуницата.

Имено, откако дејството на сапуницата се префрли 20 години подоцна, Анкита Локханде доби понуда да глуми уште еден лик. Интересно е тоа што паралелно со Арчана ќе ја глуми и нејзината 19 годишна внука.

 

– „Навистина сум среќна што ја имам можноста да ја глумам Арчана која им се вовлече под кожа на гледачите сиве овие години. Јас сум и особено благодарна на продуцентката Екта Капур и на Zee TV каналот што ја имаат довербата во мене и моите способности и што ме вовлекоа во оваа силна улога уште од самиот почеток. Да, ќе ми треба малку време да се навикнам и да ги подготвам двата карактери како Арчана и Анките и тоа во еден ист ден, но мислам дека праксата ќе си го направи своето“, изјави таа.

 

Иако претходно беше потврдено дека актерите кои ги толкуваат ликовите на Арџун и Пурви ја напуштиле сапуницата, сепак тие останаа верни на овој проект и ја прифатија можноста повторно да се вратат на снимањата, но под услов да не им се менува физичкиот изглед односно да изгледаат постари. Целата оваа ситуација наиде на гнев и апсурд кај Индиските гледачи и ја доведе сапуницата во ниски рејтинзи и закана за нејзино укинување, но сепак продуцентите успеаја да ја вивнат повторно во една од најгледаните сапуници во Индија на Zee TV каналот.

Оваа серија се емитува на Сител телевизија веќе 2 години.

 

 

 

Баже Николоски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!