Мајли Сајрус дефинитивно својата кариера може да ја подели на две фази – пред и после песната Wrecking Ball. Покрај тоа што веќе со недела наназад е број еден на многу топ листи, што урива рекорди во дигиталната продажба и во бројот на прегледи на Vevo платформата, спотот кој го направи Тери Ричардсон досега има безброј пародии.
Мајли Сајрус дефинитивно својата кариера може да ја подели на две фази – пред и после песната Wrecking Ball. Покрај тоа што веќе со недели наназад е број еден на многу топ листи, што урива рекорди во дигиталната продажба и во бројот на прегледи на Vevo платформата, спотот кој го направи Тери Ричардсон досега има безброј пародии.
Последна во низата пародии инспирирани од емотивната балада ја направи YouTube комичарот Стив Кардинал, кој стана познат по своите сатирични и смешни видео клипови Songs in Real Life, во кои ги опишува познатите песни во секојдневни ситуации.
Користејќи реакции на случајно одбрани луѓе на платформата за онлајн дружење Chatroulette, Стив ја сними својата верзија од спотот Wrecking Ball – досега неговиот спот го прегледале речиси 42 милиони луѓе и тоа само за 3 дена. Погледнете зошто.
| ТВ Пакет