И оваа сезона Македонец во српската верзија на шоуто за таленти „Јас имам талент“.
Имено, Мартин Атанасовски познат по својот прекар Буцо се пријавил во новата сезона од шоуто за таленти и покрај тоа што од ниту една македонска телевизија годинава немаше интерес за соработка со нивната продукција.
Аранасовски има 17 години и живее во скопската населба Ново Лисиче, познат е по својот талент за битбокс. Досега има настапувано во повеќе кафулиња, во МКЦ, на концертот на Заз во Универзална сала, на разни хуманитарни настани, со српскиот бенд Сарс, но и со раперот Слаткар. Неговиот талент го покажа и на овогодишниот Пиволенд на Скопско Кале.
Аудициите ќе се одржат во јануари, Белград, а Мартин ќе биде претставник со битбокс од Македонија.
| ТВ Пакет