Водителката Драгана Чуприна замина од естрадниот магазин „Бекстејџ“, причините засега се непознати за медиумите, но затоа веќе е познато името на девојката која што ќе ја замени убавата тетовчанка.
Водителката Драгана Чуприна замина од естрадниот магазин „Бекстејџ“, причините засега се непознати за медиумите, но затоа веќе е познато името на девојката која што ќе ја замени убавата тетовчанка.
Имено, се работи за моделот Симона Станковска која има 19 години, студент е на „Факултет за Туризам и менаџмент“ од Скопје и член на Модното студио „Црнокрак“. Се шпекулира дека покрај Миа Костова и новата водителка студиото на „Бекстејџ“ ќе го краси уште една девојка чие име засега се држи во тајност.
Најгледаниот естраден магазин после зимскиот распуст ќе изненади и со ново студио. Во целосна HD резолуција и во ново виртуелно 3D студио кое веќе се гради во Македонската телевизија.
Потсетуваме дека Драгана Чуприна веќе еднаш замина од „Бекстејџ“ па за краток период се врати, така да ова не се случува првпат.
| ТВ Пакет