Во саботата Елена Ристеска настапи во клубот „Ice“ во Штип. Новитет кај пејачката е тоа што отсега настапува со свој бенд кој преставува вистинско освежување во нејзиниот тим. Новиот бенд составен од младите и талентирани момци, Тодор, Коста и Бранко ќе настапува насекаде со Ристеска. Елена вечерта ја отвори со „Што си ти“, песна која ја изведе на Скопскиот фестивал, продолжи со нејзините најголеми денс хитови, а заврши со убави македонски евергрини.
| ТВ Пакет