ОД ПРЕТХОДНИТЕ ПРОДОЛЖЕНИЈА:
Анхелес се вљубува во Густаво Монтемар, новиот хирург кој почнува да работи во клиниката на нејизниот татко. Со ваквите чувства, Анхелес го изневерува долгогодишното момче Дарио, кој се враќа од студии за изненадно да ја види саканата.
Хаиме му признава на својот пријател Диего дека му се допаѓа неговата сестра Сесилија.
Без успех, Доња Инес се обидува да ја вразуми својата ќерка Трини.
Трини и мести замка на Лусија за да ја фати како се гледа со нејзинот сопруг.
Лусија е решена да се разведе од Игнасио, по што тој во бес ја силува.
Ситуацијата во вилата на фамилијата Соријано секојдневно е се покритична. Лусија е тажна и депримирана, особено по послдното збднување со нејзиниот сопруг. Следното утро, влегува во неговата соба и му префрла дека е некомплетен маж штом силува жена и го малтретира сопстевиот син.
Среде таа дискусија, во вилата се појавува Наталија, младата љубовница на Игнасио. Повредена и оставена, целта на Наталија е да и пренесе на Лусија дека Игнасио и е неверен.
На ваквиот напад во вилата, Лусија само ладнокрвно ќе и одговори дека знае за сите негови афери и дека и е сеедно. На крајот Игнасио ќе ја истера Наталија од куќата заканувајки и се дека ако уште eднаш се осмели да направи сцена, ќе и ги пушти кучињата.
Откако дознава дека го малтретирал нивниот син
и откако брутално беше силувана од Игнасио,
Лусија е решена што поскоро да стави точка на бракот.
Веднаш потоа, Лусија телефонски ќе ја побара својата пријателка Нативидад и ќе ја замоли да ги забрза потребните докумнети за развод. Сака што побрзо да стави крај на ужасниот брак во кој живее.
Во недостиг на средства за да си ги покрие своите потреби но и долгови, Трини ќе го побара својот веќе поранешен сопруг Алфредо, заканувајки му се дека треба да и врати сума на пари, бидејки пред нивниот брак имале потпишано доовор дека и следува 30% од неговата заработувачка.
Алфредо е под закана од Трини
дека ќе го оштети финансиски, па младиот архитект бара совет од адвокат.
Загрижен за ново настанатата ситуација, Алфредо ќе побара адвокатска совет од Нативидад, која го смирува и уверува дека не постои теорија во која Тринидад може да го добие тоа што го сака, бидејки бракот е веќе разведен.
На средба со својата тетка но и пријателка Тринидад, Анхелес и признава дека е силно вљубена во новиот хирург од болницата. Тринидиад ја советува да го следи срцето и да прави што истото и вели. Погодена од односост на својата тетка, Анхелес и заблагодарува за советот, додавајки и дека нејзината мајка никогаш немала разбирање за неа.
Хулијан, колега и добар пријател на Нативидад од адвокатската комора, без нејзино знаење подготвува роденден изненадување за својата колешка. По тој повод, во тајност ќе го земе роковникот на Нати за да им се јави на нејзините пријатели.
Додека разговара телефонски со Густаво, младиот хирург ќе го праша Хулијан дали и Лусија ќе присуствува на забавата, при што ќе добие шокантен одговор;
– Ах, пријателе, не знам колку знаеш, но жената за која прашуваш и за која очиглледно копнееш е сопруга на твојот газда, Игнасио Соријано.
продолжува