Лусија организира ручек во еден ресторан со своите деца и својата мајка. На ручекот ги известува дека подлнела брако-разводна парница и дека за скоро ќе биде слободна жена. На нејзино изненадување, Анхелес резервно ќе ја прими вестта, давајки и подршка на својата мајка. За разлика од својата сестра, Сесилија не може да ги сопре солзите погодена од тоа дека нејзините родители повеќе нема да бидат заедно. Диего исто како и Анхелес ја подржува оддлуката на својата мајка, но доња Инес драматично го напушта ручекот, префрлајки и на Лусија дека не е подготвена за уште еден скандал во фамилијата.
Во меѓувреме, Октавио кој ја користи ситуацијата на Игнасио, го советува својот пријател да ги искористи своите деца со цел да ја уценува Луисја за на крајот да извлече корист од разводот.
Трини е подготвена на се самода дојде до пари,
дури се обидува да извлече средства и од поранешниот сопруг.
По консултација со адвокат, Трини дознава дека не постои правен начин за да може да му ги земе саканите пари на Алфредо, бидејки веќе разводот е завршен.
По разговорот со Октавио, Игнасио го посетува станот на својата љубовница Наталија. Младата љубовница не сака да му се врати назад, потсетувајки го дека не може да си игра со неа како сака. Во жолчна расправија сп својата љубовница, Игнасио доживува инфаркт.
Исплашена од ситуацијата, Наталија ќе го побара телефонски Октавио за совет. Октавио ја советува љубовницата на својот пријател да повика итна помош, но да го претстави пациентот под друго име.
Во пријатен разговор со својата мајка, Диего и признава на Лусија дека решил да се откаже од факултетот по медицина. Лусија го прашува дали има желба да студира нешто друго и Диего и признава дека сака да студира графички дизајн, по што Лусија му ја дава сета своја подршка.
Дарио конечно собира храброст и одлучува да разговара со Анхелес. И признава дека веќе два дена е во градот и дека ја видел со друг маж, при што Анехелс ладно му признава дека се гледа со д-р Густаво Монтемар и му става на знаење дека е крај на нивната врска.
Разочаран и со скршено срце, Дарио го посетува барот на својот пријател Хоакин каде што ќе се напие. Во разговор со својот пријател и сопственикот на барот, Дарио му го отвара своето срце и му признава дека Анхелес го оставила и дека се гледа со д-р Густаво Монтемар.
Марта, стара и имоќна вдовица, меѓу другото и најдобрата пријателка на доња Инес и признава дека почнала да се гледа со млад маж кој и ги разубавува ноќите во тие години.
По работното време, Густаво го посетува барот во близина на болницата каде што се запознава со Хоакин, сопственикот на истиот. Во неврзан разговор, Густаво му признава на новиот пријател дека се гледа со Анхелес, новата девојка која стажира во болницата. Хоакин веднаш сфаќа дека станува збор за девојката која го оставила неговиот пријател Дарио, па му кажува на Густаво дека Анхелес е ќерката на Игнасио Соријано.
Октавио го посетува својот пријател Игнасио во болница и дознава дека Игнасио ја лаже својата фамилија и крие дека е во болница, уверувајки го дека сите во куќата мислат дека е на патување во Њујорк.
Со желба да му помогне на својкот син Диего во врска со новоизбраната кариера, Лусија зборува со Алфредо, кој како архитект може да го насочи Диего на правите студии.
По посетата на својот пријател во болница, Октавио ја посетува Марта, богатата вдовица на која и ги разубавува осамените ноќи со цел да извлече корист од ситуацијата.
Лусија која не може да престане да размислува за Густаво собира храброст и повторно го бара телефонски. На негово пријатно изненадување, таа го кани да излезат на кафе.
продолжува