Вчеравечер Експо Центар ќе беше „разбиен“ од неколкуилјадната публика која едногласно ја пееше „Црно Тиквешко“ на Владо Јаневски, но и другите негови хитови, во атмосфера со позитивни вибрации и беспрекорно извучување и осветлување. Уште еднаш се покажа дека Експо Центар е местото во кое се случуваат најголемите забави со вистински ѕвезди како што е Владо, кој два часа непрестано заедно со својата публика ги пееше безвременските љубовни балади: И тогаш некоја будала, Евергрин, Што и да е ќе помине, Тајна отровна итн.
– Среќен сум што ве гледам во волкав број, особено што гледам млади лица како ги пеат моите стари хитови, но присутна е и публика од мојата, постара генерација, што особено ме радува, вака заедно што се забавуваме сите. Вечерва сум само ваш! – изјави Владо.
Неповторливиот романтичар не ги изостави и веселите хитови кои ја обележаа неговата досегашна музичка кариера. Ова беше одлична предновогодишна забава за публиката во Експо Центар.
| ТВ Пакет