Почетна / Телевизија / Премиерот Груевски во опуштено издание

Премиерот Груевски во опуштено издание

 

Во четврточното новогодишно издание на емисијата „Опуштено“ гости на Тони и Део ќе им бидат едни од најпопуларните Македонци во државава, премиерот Никола Груевски и пејачката Каролина Гочева.

Ова ќе биде ретка можност да се види и слушне премиерот како зборува за неполитички теми и истовремено ќе му покаже и неколку правила во боксот на најмладиот домакин на „Опуштено“.

 

Каролина, пак, периодов е актуелна со новата песна „Чалгиска“ која е најава за долгоочекуваниот етно албум Mакедонско девојче 2 и петте промотивни концерти кои ќе се случат на крајот на месец февруари. Таа празниците ќе ги помине во родната Битола, а за дочекот на Новата година ќе пее на плоштадот во Битола. Минатиов период беше гостинка и на Божиќниот концерт во Хрватска и на снимањето на новогодишното Шоу свих времена во Србија. Емисијата со премиерот и пејачката ќе ја гледате во четврток навечер, веднаш по централниот Дневник на МРТ 1.

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!