Хрватската серија Тајни од понеделник на Алфа
Од понеделник на Алфа во 21 часот започнува новата хрватска новела „Тајни“. Серијата е во продукција на Fremantle Media Croatia и ќе има 120 епизоди. Македонската актерка Јелена Јованова ја толкува главната улога, а партнер и е хрватскиот актер Филип Јуричиќ, познат на македонската публика по улогите во „Љубов во офсајд“ и „Изборот на Лара“. Репризите на епизодите се следниот ден во 17:30 часот.
Во позадината на сите приказни, во кои се вплеткани семејствата Франиќ и Шепер, се наоѓа семејното богатство кое е закопано во 1943 година во шумата покрај куќата на богатото семејство Шепер. Токму тоа закопано богатство е извор на злото надвиено над двете семејства.
Марина Франиќ е млада и убава девојка која израснала во сиропиталиште. Поради финансиски проблеми на сиропиталиштето, Марина одлучува да се врати на имотот на нејзиниот татко кој и припаѓа според наследството и таму да побара помош од чичко и Иван. Иван успеал со туѓо богатство да изгради хотел и тој сега чувствува грижа на совест поради тоа што го убил таткото на Марина и дозволил Бригита да ја испрати внуката во сиропиталиште. Поради тоа решава да и помогне на Марина и и дозволува на неа и на децата од сиропиталиштето да живеат во куќата. На имотот доаѓа и Никола Шепер, полициски инспектор кој се крие под лажен идентитет за да ја открие вистинста за неговото семејство и за смртта на неговата мајка. Марина и Никола се вљубуваат еден во друг и постепено почнуваат да ги откриваат страшните тајни на нивните семејства и на проколнатото богатство.
| ТВ Пакет