Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #9 и 10 |Alevosía

Предавство, епизода #9 и 10 |Alevosía

 

Густаво на кој очајно му треба “рамо за плачење“ го посетува Хоакин во барот и му ја прераскажува целата ситуација со Анхелес од претходната вечер. Познавајки ја Анхелес Соријано, Хоакин му вели на својот нов пријател дека голем е процентот Анхелес да го прелажала.

Трини ја советува Анхелес да премине на следниот  дел од планот.  Да го увери Густаво дека чека негово дете. Анхелес саркастично ја прашува својата тетка како, кога никогаш не спиеле заедно? Вештата Трини пакосно ќе се насмее и ќе и одговори;

–          Никој не рече дека детето мора да бде на Густаво, драга.

Дарио се подготвува да излезе во кино со Каетана, кога во неговиот дом ќе се појави Анхелес. Плачејки ќе му признае дека е крајно несреќна поради се што и се случува, особено со разводот на родителите. Тешејки ја, Дарио несвесно ќе падне на нејзината стапица и ќе завршат заедно во кревет, додека Каетана загрижено го чека пред кино салата на договореното место.

                Користејки ја презафатеноста на својот шеф, Октавио ќе му подметне документи за потпис на Игнасио, за подоцна тие истите да ги искористи и да префрли голема сума на пари од името на клиниката на своја приватна сметка вон државата.

                Лусија и ги признава своите грижи на Чоле, дека смета дека е бремена откако Игнасио ја силуваше, бидејки нема добиено менструација. Чоле ја советува веднаш да купи тест за бременост од аптека.

Следејки го советот на Чоле, тестот за бременост резултира со негативен резултат.  Пресреќна, Лусија ја споделува еуфоријата со саканата домарка.

                Тринидад го кани Игнасио на вечера во станот. Тој е изненаден колку умешно и за кратко време таа успеала да го редекорира станот како што и беше побарано. На крајот, двајцата љубовници завршуваат во постела.

Следното утро, Анхелес ја бара телефонски својата тетка. Трини ќе мора да се извлече од постела за да разговара на страна со својата внука, без да ја чуе Игнасио. Анхелес споделува дека се плаши оти Густаво може да ја отркие проневерата која ја направија, а Трини ја прекорува дека претерала со дозата која ја ставила во виното. Мeѓу другото, Анхелес и признава дека спиела со Дарио претходната вечер.

Игнасио бара од Лусија во замена за развод да му ги врачи акциите која таа ги има од клиниката како закупник. Лусија не само што одбива да му ги даде акциите, туку ветува дека од сега па во иднина се почесто ќе учествува на состаноците кои ги има советот на акционери во клиниката.

Хаиме ја кани Сесилија на сладолед и ја бакнува во забавниот парк.

Октавио добива повик од Кајманската банка дека 500 илјади пезоси се префрлени на неговата приватна сметка.

Анхелес разговара со својата блиска пријателка Естер и и кажува се што се случило помеѓу неа и Густаво. Девојката и признава на својата пријателка дека ќе оди во крајност со цел да ја освои љубовта на згодниот хирург. По разговорот со Анхелес, Естер му се јавува на Хоакин и му кажува дека има новости во врска со однсосот на Анхелес и Густаво.

Лусија и Густаво излегуваат на ручек во клубот, каде што Густаво смело ќе и ја искаже својата љубов. Ја зема нејзината рака и додека нежно ја милува, ги затекнува Марта, пријателката на Доња Инес.

Во меѓувреме, Нати и јавува на Лусија дека договорила кај судија за да започне парницата за развод на бракот.

Планот на Анхелес ќе резултира како неуспешен.

Девојката бара нов начин да го задржи хирургот,

кој пак полека почнува да се вљубува во нејзината мајка.

 

Марта ја известува својата пријателка Инес дека ја видела Лусија со млад и непознат маж во ланч клубот. Ваквиот разговор го преслушкува Тринидад и заклучува дека најверојатно Лусија била излезена со Густаво.

Игнасио не може да се помири со веста кога ќе добие факс за почетокот на судењето на бракоразводната парница. Ја известува Анхелес за плановите на нејзината мајка и во бес и признава на својата ќерка дека Лусија и тој се венчале кога Лусија веќе била бремена.

Лусија која се чувствува како на седмо небо, на интернет наоѓа фотографија од Густаво и го покажува на Чоле. Чоле сфаќа дека Густаво е истиот човек кој пред некоја вечер ја допрати Анхелес пред куќата и тоа и го кажува на Лусија. Лусија е прво скептична и не верува дека се работи за истиот човек, но Чоле ја предупредува да биде внимателна.

Доња Инес ја кани својата ќерка Лусија на појадок следниот ден и ја прашува со кого сле гледа.

–          Пред да ме излажеш, само да знаеш дека Марта те видела како се држиш за рака со некој млад маж во клубот.

Изненадена од неочекуваниот тек на разговорот, Лусија и признава на својата мајка дека има чувства за младиот хирург но и признава дека немала ништо со него, ниту дека ќе има се додека не се разведе правно од Игнасио.

Вечерта во клубот на Хоакин, Анхелес која е излезена со Естер, почнува да флертува со Раул, пријателот на Дарио. Повреден од ваквото предавство на својот пријател и девојката која ја сака, Дарио го напушта клубот.

Во истиот клуб, Диего го запознава Естебан, младо момче кое признава дек е хомоскексуалец и не го крие таквиот факт. Естебан го прашува Диего дали некогаш бил со машко, при што Диего премолчува.

Анхелес се враќа пијана дома, откако Раул ќе ја испрати до мансионот. Во вилата ја чека Лусија која и префрла дека секоја вечер се гледа со различно момче и дека луѓето ќе почнат да ја зборуваат. Тогаш Анхелес и прфрла на својата мајка дека таа не е никаков пример, бидејки се омажила за нејзиниот такто додека веќе била бремена, можеби од друг маж.

Лусија и се пожалува на Чоле за префрлањето и презирот кој нејзината ќерка Анхелес го има кон неа. Старата домарка ја теши својата газдарица.

Хоакин му признава на Густаво дека Анхелес му наместила стапица за да го врати назад. Дека целата таа вечер била сценариот на Анхелес и нејзината тетка. Густаво срдчно му заблагодарува на Хоакин.

Следното утро, во клубот, Густаво споделува со своите пријатели Нати и Хулијан за она што претходната вечер му го кажа Хоакин, дека Анхелес исценирала се, дека никогаш немале односи. Во тој момент, Нати му признава нешто што долго време го премолчуваше од својот пријател, дека Анхелес и Лусија се мајка и ќерка.

Веднаш потоа, Густаво бара да се види со Анхелес и и признава дека знае се, дека знае за нејзиниот план, но дека нема да и успее. И вели дека не сака никогаш повеќе да ја види.

Барајки начин да и наштети одново на својата сестра, Трини го лаже Игнасио дека Лусија и нејзиниот поранешен маж Алфредо се љубовници. Ваквото лажно сознание ќе допре до Игнасио па бурно ќе го напушти станот кај Трини.

Доаѓа во вилата и и префрла на Лусија дека е крува, дека иако е мажена спие со поранешниот зет и дека можеби му била љубовница и додека Алфредо бил женет со нејзината сестра.

Диего и Сесилија кој секогаш имале идеален братко-сестрински однос излегуваат на кафе таа вечер и Сесилија го замолува постариот брат да се врати дома.

Следниот ден, Диего изненадно се враќа дома на голема радост на својата помала сестра и неговата мајка.

Трини ја прашува Анхелес во неверзан муабет што би рекла доколку таа би се омажила за нејзиниот татко. Анхелес сурово и одговара дека никогаш не би ја прифатила за маќеа и дека тоа само ќе им го растури односот.

Лусија доаѓа во клиниката и го известува Игнасио дека Диего се вратил дома, дека тоа е нејзина куќа и дека нема право да го истера повторно. Игнасио ја обвинува својата жена дека израснала хомосексуалец, а среде нивната дискусија ги прекинува доктор Монтемар.

продолжува

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!