ПРЕДАВСТВО
11то Продолжение
Игнасио го претставува д-р Монтемар пред својата сопруга Лусија. Лусија глуми дека не го познава и му ја подава раката на Густаво.
Враќајки се кон дома, во својот автомобил, Лусија не може да престане да мисли на Густаво.
Ниту Густаво не може да се фокусиа на работата. Постојано во мислите му е Лусија и не може да престане да се прашува зошто глумела дека не го познава пред сопругот? Дали можеби има чувства за него па се плаши да не биде откриена?
Во меѓувреме Лусија си ветува на себеси дека никогаш нема да направи нешто со згодниот хирург.
Октавио бара добра инвестиција за да ги вложи украдените пари од болницата. Решава да отвори своја ергела каде што ќе чува увезени тркачки коњи.
Игнасио го посетува адвокатот Хулијан и бара од него да го води случајот и парницата за разводот со Лусија.
Лусија која е загрижена за односот помеѓу Игнасио и Диего, доаѓа дома и отворено го прашува својот син дали е хомосексуалец. Момчето, изненаден од отвореното прашање на својата мајка, и одговара дека не е.
Во клиниката се слави големиот успех, трансплатација на кожа од едно тело на друго. Хируршкиот зафат го извршил д-р Густаво Монтемар, и Игнасио Соријано лично му честита и му ветува блескава иднина во клиниката.
Нативидад дознава дека Хулијан ќе ја држи страната на Игнсио Соријано во парницата за развод со Лусија де ла Вега. Нати го известува својот пријател дека од тој ден ќе бидат ривали на суд, бидејки таа ќе ја брани страната на Лусија.
Кога Игнасио ќе се врати дома таа вечер, Лусија ќе го извести дека разговарала со Диего и дека тој и признал дека не е хомосексуалец. За мир во домот, го замолува својот сопруг да го третира нивниот син како што треба.
Густаво се враќа во својот стан, по славењето во клиниката и скоро гола ја затекнува Анхелес на својот кревет.
Девојката не го открива начинот како влегла во станот но е решена да спие со хирургот. Откако Густаво ќе ја одбие, но девојката нема да прифати не за одговор, Густаво скоро присилно ќе ја истера од домот.
Понижена и повредена, Анхелес го напушта станот на Густаво и низ солзи влегува во автомобилот. Не гледајки каде вози, девојката удира со автомобилот во една бензиска цистерна. За кратко, целиот автомобил ќе биде во пламен.
Доцна во ноќта фамилијата Соријано добива трагична вест.
По долго време Лусија, Игнасио, Диего и Сесилија се под еден кров, во холот на клиниката каде што Анхелес се бори за живот.
Во болницата доаѓаат и доња Инес, Тринидад и Нати како подршка во тие тешки мигови.
Докторот, задолжен за состојбата на младата девојка ја известува фамилијата дека животот на Анхелес е вон опасност, но дека нејзината кожа претпела големи последници и дека ликот и е непрепознатлив.
продолжува