Токму онака како што прилега на еден голем моден бренд, ПС Фешн го одбра својот амбасадор за Македонија. Секогаш насмеаната, позитивно расположена, девојката која плени со својата енергија, поп-рок артистот Дани Димитровска стана заштитно лице на оваа позната регионална модна куќа. Посветена на дизајнот и производството на префинета женска гардероба, накит и аксесоари ПС Фешн за кратко време го освои српскиот пазар, но и останатите во регонот. Веќе неколку месеци модниот бренд чии производи ја прават секоја жена самоуверена и среќна затоа што она што го носи совршено и прилега, е присутен и во Македонија, а Дани Димитровска ја одбраа како соодветно заштитно лице.
– Во Дани го пронајдовме токму она што го баравме за еден наш амбасадор: моќна и успешна модерна жена, со изграден препознатлив стил, секогаш подговтвена да се соочи со предизвиците. Истовремено таа е женствена и софистицирана, па нашите модни парчиња совршено прилегаат на нејзиниот имиџ – изјавува Марија Михајлова, застапник на ПС Фешн за Македонијa.
– Да се биде амбасадор на еден ваков моден бренд за мене е голема чест и задоволство. Се пронајдов во нивните префинети модели и се чувствувам како комплетна вистинска дама презентирајќи ја оваа модна куќа – вели Дани.
Семејната приказна на ПС Фешн започнала 1995-та година во Србија, а денес освен во Македобија е присутна со повеќе од 70 продавници во Србија, Хрватска, Малта, Босна и Херцеговина, Црна Гора.
| ТВ Пакет