Трета година по ред новинарот и водител Зоран Василевски се грижи за организацијата на Мистер на Македонија и ги одбира момците коишто треба да не претстават во вистинско светло надвор од границите на нашата држава. По Стефан Лошковски и Ивица Симоновски оваа година изборот падна на младиот Давид Илиев – Роџер.
Давид има 21 година, тој е студент и музичар од Скопје за кого Василевски ветува дека ќе го направи светски топ модел. Згодното момче инаку е најстариот син на позатиот уметник Роџер Зоран Илиев. Ексклузивно на ТВ Пакет во прилог е првата фотосесија која тој ја направи како Мистер на Македонија.
| ТВ Пакет