Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #16 |Alevosía

Предавство, епизода #16 |Alevosía

 

Трини бара начин како да ја оцрни Лусија пред очите на јавноста. Како да и е малку се што нејзината сестра доживеа, Трини е решена да ја оцрни сликата на својата сестра и пред социјалата.

Диего и признава на својата сестра Сесилија дека многу му се допаѓа Моника и дека таа е девојката која ја чекал целиот живот.

Густаво ја потпишува отпусницата на Анхелес како нејзин доктор. Кога ќе тргне да и го извади завојот, девојката го сопира во обидот велејки му дека сеуште не е време.

Анхелес заминува со својот татко во новата вила која ја има купено за нив двајцата.

Моника и Диего стануваат се поблиски. Девојката му го отвара своето срце и му признава колку страдала поради смртта на својата мајка. Диего ја теши.

По една расправија, Октавио му признава на Густаво дека Игнасио го држи во болницата, и покрај тоа што е љубовник на неговата жена, само заради сертификатот кој болницата треба да го добие.

Уживајки во новата вила, Анхелес му ветува на својот татко дека ќе направи се за да ги убеди Сесилија  и Диего да дојдат да живеат со нив. Игнасио презадоволен од ваквото размислување на Анхелес, ја прашува својата ќерка зошто не му дозволила на Густаво да ги извади завоите, а таа му ветува дека ќе ги извади на годишната забава која ја организира клиниката.

Густаво ја бара Лусија но таа повторно го одбива. Му признава дека има грижа на совест поради Анхелес и дека не може да биде со него.

Игнасио ги кани Сесилија и Диего на вечера во новата вила заедно со Анхелес. На големо изненадување на Диего и Сесилија, нивниот татко се однесува како никогаш претходно кон нив.

Со скршено срце поради неуспехот кај Лусија, Густаво го посетува барот на Хоакин и неговиот пријател го советува да ја заборави таа жена.

Во меѓувреме, Анхелес ја известува својата пријателка Естер дека ќе и се одмазди на својата мајка за тоа што и го превзела човекот кој го сака. Меѓу другото и признава дека чека дете од Дарио.

Се е подготвено за годишната забава под маски организирана од страна на клиниката Нуева Вида.

Доња Инес доаѓа заедно со својата ќерка Трини која со љубопитен поглед го бара присуството на Игнасио.

Нати и Хулијан доаѓаат заедно. Хулијан ја кани на танц и меѓу другото ќе и украде бакнеж. Во мигот кога мсили дека ќе добие шлаканица, Нати му возвраќа со нов уште постарсен бакнеж.

Естер пристигнува со лимузина пред халата заедно со својата пијателка Анхелес кој аноси маска преку главата. Анхелес ќе ја извади маската од главата и ќе прошета помеѓу познатите лица, но никој нема да ја препознае. Нејзиниот лик е комплетно променет.

 продолжува

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!