Популарното шоу „Х Фактор“ од вечерва ќе го води нов водител, и тоа преубавата Ана Михајловски.
Поранешната водителка на продукциската куќа Emotion на својот Твитер профил наговести дека се подготвува за вечерва, а блискиот извор до продукцијата открива дека Ана дефинитивно е новиот водител на шоуто. Таа за публиката е позната како водител на „Операција триумф“ и „Големиот брат“. Од продукцијата исто така изјавија дека гледачите вечерва ги очекуваат бројни изненадувања. Славко Калезиќ е тргнат од водителската позиција поради многуте негативни коментари на социјалните мрежи. Новата елиминација во живо очекувајте ја вечерва во 21 часот или веднаш по „Судбината на Фатмаѓул“ на Сител телевизија.
| ТВ Пакет