Игнасио не ја сфаќа здраво за готово својата балдска па и нуди да ја одведе дома бидејки е пијана. Трини го моли да ја преноќи ноќта со него во новата вила, но Игнасио е решен да ја одведе.
Во интимен разговор со својот тетин Алфредо, Диего му признава дека сеуште немал можност да има интимност со девојка но дека сака да го направи тоа со Моника. Алфредо го советува да биде внимателен и да користи заштита.
Истовремено, Моника и признава на својата пријателка Сесилија дека не е сигурна дали Диего до сега имал однос, и се плаши дека тој може да ја одбие поради нејзиното претходно сексуално искуство со други мажи.
Густаво ја посетува својата тетка Мирјам во блиското село на Гвадалахара. Мирјам која е сестра на неговата мајка, со години го нема видено својот внук. Во разговор со саканата тетка, Густаво и признава дека е вљубен о постара жена, но дека има проблеми со нејзината ќерка.
Таа вечер, Диего и Моника одлучуваат да ја минат ноќта заедно, но кога ќе дојде моментот, Моника ја напушта собата, практично трчајки. Диего и збунет и се прашува каде погрешил.
Анхелес добива неочекуван телефонски повик од Мирјам, тетката на Густаво. Во раговорот, Мирјам ќе ја извести девојката дека нејзиниот внук е лудо вљубен во нејзината мајка, што многу ќе ја погоди Анхелес. Бесна и со солзи во очите, Анхелес и признава на теткат ана Густаво дека е бремена и дека очекува дете од нејзиниот внук.
Во разговор со својот пријател Хоакин, Густаво му признава дека Анхелес е бремена и дека шансите се големи да детето е негово.
Лусија, која е на самиот крај со разводот одлучува да заврти нова страница од животот и и признава на својата пријателка Нати дека ќе му даде шанса на Густаво да бидат заедно.
Кога Лусија и Густаво ќе се најдат на ручек, таа му ги признава своите чувства за него, но тој и признава дека ја љуби, но дека не може да биде со неа, барем за сега. Од саканата бара да му даде време за да ги расчисти проблемите кои ги има.
Диего споделува со својата сестра Сесилија за случувањето од сношти со Моника и Сесилија му признава на својот брат дека Моника била силувана како мала.
Тринидад е решена да стави крај на врската со Игнасио и тоа му го соопштува. На нејзино големо изненадување, Игнасио изненадно ќе ја побара за жена.
Трини е пресреќна и ликува, одвај чекајки да ја сподели веста со светот, но Игнасио ја замолува за сега да не кажува никому, се додека не се оконча бракот помеѓу него и Лусија.
Диего ја посетува Моника и и признава дека ја љуби и дека е подготвен да ја чека колку време да и треба. Но, девојката одлучува да ја раскине врската со момчето. Диего е скршен.
Анхелес му кажува на Густаво дека е слабак што и се исповедал и жалел на неговата тетка. Густаво е решен да започне нов живот со Анхелес и ја бакнува.
продолжува