Денеска во Копенхаген, Данска, се одржа ждрепката за двете полуфиналиња на Евровизија 2014.
Македонија ќе настапи во второто полуфинале и тоа во втората половина, а дополнително ќе биде одредено под кој реден број ќе настапи Тијана. Во ова полуфинале заедно со нас ќе настапи и Словенија исто така во втората половина од ова полуфинале. Добрата вест е дека во ова полуфинале нема голем број на земји од поранешниот Советски Сојуз, а има земји кои досега редовно и давале поени на Македонија во полуфиналето.
Исто така во ова полуфинале ќе настапат и помалку земји вкупно 15, а во првото настапуваат вкупно 16 земји, тоа значи дека од вкупно 15 земји, 10 влегуваат во големото финале, а само 5 земји го завршуваат натпреварувањето во полуфиналето.
Оваа година вкупно 37 земји ќе се натпреваруваат во Данска, а на Евровизија се враќаат Полска и Португалија. Информацијата дека 12 земји се откажале оваа година е целосна дезинформација, од Евровизија од различни причини оваа година учеството го откажаа балканските земји Хрватска, Србија, Бугарија и островот Кипар. Босна и Херцеговина и минатата година не учествуваше исто како и Турција кои очигледно се во заеднички договор да го бојкотираат фестивалот. Се претпоставува дека главна причина за откажувањето на некои земји е слабиот пласман (односно некои не можат да се помират со тоа што не влегуваат во финале), а не финанскиските проблеми бидејќи Грција повторно годинава ќе се натпреварува.
Карактеристика на денешната ждрепка:
Во првото полуфинале настапуваат дури седум земји од поранешниот Советски Сојуз, а само една од поранешна Југославија, тоа е Црна Гора. Скандинавските земји се подеднакво распределени во двете полуфиналиња, во првото се Шведска и Исланд, а во второто Норвешка и Финска.
Големата петорка и домаќинот Данска ќе ги дадат своите гласови на следниот начин:
Во прво полуфинале гласаат Данска, Шпанија и Франција.
Во второто полуфинале гласаат Италија, Германија и Велика Британија.
| ТВ Пакет