Издавањето на албумот „Срце“ чиј што прв тираж беше распродаден во рекордно време, концертни настапи за промоција на истиот, хитови на радио станиците, снимени видео записи и признанија од медиумите се само дел од нештата по кои Р&Б дуото ДНК ќе ја запамти минатата 2013-та година. А на самиот крај на годината во опуштена атмосфера, токму како што наложува и самата нумера, Панчо и Андреј заедно со своите пријатели и соработници снимија видео запис за песната „Опуштено“ која Панчо ја напиша и посвети на својот пријател од Хрватска, ДЈ Бронсон, кој пред две години почина од рак.
– Оваа песна ми значи многу. Ја напишав во тежок период за мене затоа што изгубив пријател кој го сакаше животот , а тој ја изгуби битката со ракот. Баш затоа, да му се подаде рака на оној на кој му е потребна помош, да се негува животот затоа што е премногу краток, да се шири позитивна енергија и да се живее секој ден како да е последен се клучните пораки во „Опуштено“ – изјавува Панчо.
Спортисти од неколку конкурентски клубови, новинари од различни редакции и медиумски личности се главни протагонисти кои со многу насмевки ќе и ги доловат на публиката овие пораки во видеото што го режираше долгогодишниот соработник и пријател на ДНК, Владимир Митревски Ѓуле.
– Целта ни беше да ги споиме конкурентските спортисти и новинари и да покажеме дека и покрај различностите, сепак треба да шириме љубов и позитива, да ги надминеме сите недоразбирања и бариери, да бидеме благодарни на она што го имаме, да бидеме хумани, да се сакаме, и да сфатиме дека богатството е во вистинските пријатели – вели Андреја.
Аранжманот на Опуштено го направи хрватскиот продуцент Марвел, музиката и текстот се на Панчо, а песната ја испродуцира Дарко Димитров во неговото студио Димитрови каде што беше и снимена истата. Видео записот ќе биде промовиран на почетокот на февруари, за кога ДНК на скопската публика и најавуваат клубска свирка со бенд во живо.
{gallery}012014/opusteno{/gallery}
| ТВ Пакет