Случајната средба меѓу Керим и Вурал ќе биде фатална за еден од нив
Шокантен крај ве очекува вечерва на крајот од првата сезона на „Судбината на Фатмаѓул“, втората сезона започнува веќе од утревечер без никаква пауза.
Поради лажното сведочење Вурал посакува да си го одземе животот, во еден момент го замолува Керим да го стори тоа за него. Керим го напушта местото, а за кратко време Вурал е нападнат од Мустафа кој цело време е скриен и го набљудува нивниот разговор. Ударот кој Мустафа му го задава ќе биде фатален за него. Еден од силувачите на Фатмаѓул ја добива својата казна, но за тоа злодело ќе плати невиниот Керим.
Не пропуштајте ја новата епизода од најгледаната серија во Македонија, „Судбината на Фатмаѓул“. Од утревечер официјално започнува втората сезона чие дејствие ќе се одвива некој период подоцна.
| ТВ Пакет