Вчеравечер ТВ Пакет објави информација поврзана со Евровизија 2014, а повеќето портали ја пренесоа со поинакво толкување.
Имено, информацијата дека Тијана ќе пее осма во второто полуфинале не е точна, таа ќе пее во втората половина од второто полуфинале, а редоследот дополнително ќе биде утврден.
Што значи дека може да пее 8-ма, а може да пее и 10-та или пак 15-та, тоа се уште не е утврдено. Вчера беше утврдено само кој во која половина од секое полуфинале ќе пее поради подобра усогласеност за пробите. Редоследот ќе биде дополнително утврден.
| ТВ Пакет