Уште едно спектакуларно live издание од „Х Фактор“ е зад нас. Еден натпреварувач се врати во шоуто, но и една група си замина. Менторот Кристина Ковач остана без своите омилени H2O, односно нашиот Фифи и Маринела, ќерката на Џогани. Гласовите на публиката одлучија дека Александра Секулич и H2O најмалку заслужија да продолжат понатаму во овој музички натпревар, а менторите дома ги испратија оние што според нив помалку добро се покажале на настапот за спас.
Натпреварувачот кој се врати во шоуто е Маид. Даниел Кајмакоски ја отпеа песната од Влатко Лозаноски „Сонце не ме грее“ и доби најдобри критики, а според твитерџиите најголем фаворит на вечерта е Лукијан кој ја расплака Емина Јахович. Вечерашното издание се одвиваше со повеќе тонски проблеми, тоа го забележаа менторите, а претставуваше и хендикеп за машката група Доктори. Ана Михајловски остана како главен водител на шоуто, Снежана Велков повторно мета на твитерџиите, а Уна… нејзината појава зборува доволно.
| ТВ Пакет