Почетна / Телевизија / Гледачите на Алфа без одговор за нивните серии

Гледачите на Алфа без одговор за нивните серии

 

Oткако телевизија Алфа ја премести мексиканската теленовела „Амбис на љубовта“ од попладневен термин во утрински термин, многу гледачи и фанови на серијата се обратија како и до нас, така и до Алфа телевизија. По неколку недели на сајтот на Алфа беше објавено дека серијата ќе се премести во 16:40 часот со утринска реприза, но до ден денес тоа не се има случено. А новиот термин се уште стои на нивниот сајт со што ги збунува гледачите зошто серијата не се дава во 16:40 часот.

 

Она кое се уште не е исполнето од Алфа е и започнувањето на македонската играно-документарна серија „Алфа акција“ која се најавува веќе пет месеци. Еден период беше најавувана како серија од криминални случаи која ќе го прикаже начинот на нивно решавање, но нема ни трага ни глас од неа. Исто така и хрватската серија „Тајни“ се најавува веќе еден месец со „наскоро“. Во еден момент Алфа најави дека ќе ја емитува во 21:00 часот од 6. јануари, но и таа серија до ден денес се уште нe ја видела светлината на денот.

 

Гледачите исто така постојано прашуваат дали и кога на Алфа ќе се емитува мексиканската хит серија „Бура“ (La Tempestad) со латино заводникот Вилијам Леви, но и за тоа прашање нема одговор.

 

 

 

Дани Петковска | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!