Почетна / Живот / Со грутка во грлото се сеќаваме на Тоше Проески

Со грутка во грлото се сеќаваме на Тоше Проески

 

Доколку не се случеше кобната несреќа кај Нова Градишка, денеска Тоше Проески ќе наполнеше 33 години, а неговите вокални способности што тој ги поседуваше којзнае до каде ќе го прославеа неговото име. Македонија и Балканот и денеска со грутка во грлото се потсетуваат на песните што Тоше ни ги остави во наследство, музичко наследство кое е бесценето.

По повод неговиот роденден Фондацијата Тоше Проески денеска ќе ја промовира книгата „Ова не е крај“ која опфаќа сегменти од животот на македонската музичка легенда. Автор на книгата, која ќе се промовира денеска, е Соња Алексоска Неделковска. На промоцијата ќе се обрати министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

 

 

За потребите на книгата се интервјуирани повеќе од 80 соговорници. Сеќавања за Тоше споделуваат членовите на најблиското семејство, сестрата Дора, зетот Славен Ристески, внукот Кристијан. Интересни случки од детството откриваат и неговите другари.

Читателите ќе имаaт можност  да дознаат за почетоците на кариерата на македонската легенда, за првите настапи и првата отпеана песна. Како се одвиваше неговиот професионален музички пат, спомени споделуваат македонските автори, изведувачи и продуценти, претставници на медиумите, како и познати имиња од светот на класичната музика и од спортот. За кариерата на Тоше во Србија свои искуства споделуваат неколку  музички  соработници и изведувачи и неколку познати српски новинари. Како Тоше ја освои Хрватска и Блаканот ќе откријат повеќе значајни личности од тамошниот музички пазар. Светски автори ќе го споделат искуството за соработката со нашата легенда при снимањето  на албумот „The Hardest Thing”.

– Книгата  ќе биде во луксузно пакување, правена е по терк на изданијата за светските ѕвезди. Во неа има фотографии на Тоше од неговиот приватен албум. На нив се овековечени моментите со неговото најблиско семејство, како и од детството, од првите чекори на снегот, првите настапи, концерти, фотосесии, информираат од Фондацијата „Тоше проески“.

 

 

По повод роденденот на Тоше ќе биде промовиран и спот за песната „Жао ми е“. Во видеото кое се снимаше во Бугарија е опишана љубовна приказна меѓу двајца млади, а во него Тоше се појавува во облека од античко време.

Од фондацијата „Тоше Проески – Крушево“ нагласуваат дека Тоше остави големо музичко наследство.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!