Како што веќе најавивме, Кенан Имирзалиоглу и Бергузар Корел наскоро ќе делат прегратки на телевизиските екрани како Махир и Фериде во возбудливата и интригантна приказна за честа, одмаздата и невозможната љубов.
Турскиот заводник Кенан Имирзалиоглу некогаш беше Езел, јунак од истоимената серија, а црнокосата убавица Бергузар Корел, Шехерезад од првата турска сага емитувана во Македонија „1001 ноќ“. Наскоро како љубовен пар ќе се појават на телевизија Сител. Се работи за најновата турска теленовела „Карадај“, која во Турција минатата година е прогласена за најдобра. Повеќе за синопсисот на оваа серија на овој линк.
Интересно е тоа што Кенан не беше избор на продукциската куќа „Ај Јапим“ за главната машка улога. За да си ја обезбедат добрата гледаност уште во самиот старт, ролјата најпрво му ја понудија на популарниот актер и фолк пејач Јавуз Бингол.
Откако овој актер бараше 16.000 евра од епизода, продуцентите му се заблагодарија и веднаш го контактираа Имирзалиоглу кој прифати да му даде живот на Махир за малку помал хонорар. Меѓутоа, поради тоа што публиката одлично ја прифати оваа серија, од планираните 13 епизоди за првата сезона таа доби 36 епизоди. Па хонорарот на Кенан е зголемен на 24.000 евра по епизода.
Наскоро на телевизија Сител не пропуштајте го спектаклот наречен „Карадај“. Во прилог е најавата.
Крис Манев | ТВ Пакет