Со вкупно 13 поени, минатиот викенд Маријана Димовска и Боби Трајковски први го напуштија натпреварувањето во „Танц со ѕвездите 2“.
Во емисијата каде почнаа првите елиминации, на врвот по поени се најде каратистката Наташа Мешковска и Даниел Кимовски. Веднаш зад нив, со 30 поени се наоѓаат Димитар и Јована, но и Франц и Наде, кој исто така имаат 30 поени. Со најмалку освоени поени, Маријана Димовска и Боби Трајковски во саботата први си заминаа од македонската верзија на најпознатото шоу во светот „Танц со ѕвездите“, кое кај нас е во целосна организација на „Дрим фактори“ и МРТ.
Откако водителите Марјана Станојковска и Тони Михајловски ги соопштија резултатите, Маријана Димовска изјави дека и е жал што го напушта шоуто, но ќе продолжи да ги следи на пробите и снимањата, а со Боби ќе продолжи да се гледа професионално бидејќи сака да продолжи со танцот.
Воедно ве потсетуваме дека гласањето за новата емисија е отворено и ќе трае се до нејзиното снимање. Во продолжение погледнете го последниот танц на Маријана и Боби во „Танц со ѕвездите 2“ на МРТ1.
| ТВ Пакет