Почетна / Вебновела / Црвена месечина 123

Црвена месечина 123

Сто дваесет и трето продолжение од вебновелата “Црвена месечина”


 

Фабијан влезе во собата на Клеменсија, откако старицата го беше повикала својот зет на разговор. Она што го изненади Фабијан кога влезе во собата беше присуствто на Алехандро, кој мирно седеше на фотељата.
– Фабијан, те повикав овде бидејки сакам да разговарам со тебе и господинот Молина, – рече Клеменсија.
– Не знаев дека се вратил, – рече Фабијан, сеуште гледајки изненадено во својот ривал.
– Како што гледаш, овде сум, – ноншалантно рече Алехандро.
– Сакам сите искрено да зборуваме, – додаде Клеменсија. – Да ставиме крај на лагите и лицемерието. Прво сакам да ви се извинам што побарав да се видиме во мојата соба, но не сакав да не прекинуваат. Седни, Фабијан.
– Порадо би стоел, – одби Фабијан. Проклето му требаше пијаолк во моментот.
– Верувам дека никој нема право да уништува нечиј туѓ живот, – започна Клеменсија откако удобно се смести на фотељата. – Се надевам дека двајцата сте свесни дека и го уништувате животот на мојата внука. Повеќе нема да дозволам да биде така. Мојата внука има право на мир и ова мора да заврши. Вие двајца ако сакате слободно продолжете со вашето ривалство, но не тука, одете некаде далеку од Ла Луна.
– Секако дека сте во право, госпоѓице Клеменсија, – рече Фабијан. – Жртва на сето ова беше Марија Клара.
– Госпоѓице Клеменсија рече да ставиме крај на лицемерието,- избувна Алехандро. – Затоа не глуми дека си на страната на Марија Клара. Единствен виновник за се што преживеа си ти!
– Истото можам да го кажам и за тебе.
– Ве молам, Фабијан, Алехандро, не ве собрав овде за да се расправате.
– Навистина не знам што сакате од мене, – избувна и Фабијан. – Веќе реков дека го прифаќам разводот. Кога Марија Клара ќе закрепне, ќе ја одведам кај нотар за да потпишеме развод. Потоа ќе заминам засекогаш од нејзиниот живот.
– Со половина од парите кои ти ги вети Марија Клара, како награда што ја уби нејзината сестра?!, – го провоцираше Алехандро.
– Јас не ја убив Фернанда, – извика Фабијан во своја одбрана. – Јас никого немам убиено.
– Јас сум уверена дека зад смртта на Фернанда и зад сето она што ви се случи вам,- рече Клеменсија гледајки во Алехандро. – Стои Артемио Сантибањез!
– Не верувам дека Артемио сам го сторил тоа сам. Фабијан има голем удел во целата таа приказна.
– Така велиш бидејки ме презираш и сакаш да ме уништиш по секоја цена! Зарем не ти беше доволно што ме понижи пред целиот град кога ја заведе мојата сопруга?! Што сакаш друго? Да паднам на колена?
– Не, не сакам да паднеш на колена, но сакам да те видам зад решетки.
– Јас стојам зад тоа дека виновен е Артемио, – повтори Клеменсија.
– Можно е, но стојам зад тоа дека Фабијан е виновен за смртта на адвокатот Фрагосо, – Алехандро го накелевети Фабијан.
– Не е вистина!
– Секако дека е вистина! Го уби бидејки истиот ден адвокатот се имаше јавено на Островот и му беше кажно дека никогаш немале затвореник со име Алехандро Молина.
– Можеби било така, но мене не ми кажал ништо, – негираше Фабијан.
– Тогаш што барал на хациендата? Бидејки Крисанта тврди дека адвокатот тргнал кон Ла Луна и тоа било последен пат кога бил виден!
Алехандро убедливо ја играше својата игра, како и секогаш. Не дозволуваше никаков сомнеж да падне на неговото име.
– Да, вистина е дека адвокатот беше тука, – призна Фабијан под притисок. – Ме обвини дека сум ја лажирал посмртницата.
– И не е вистина?
– Секако дека не е. Ако посмрницата ми ја дале лажна, каква врска имам јас со тоа?! Артемио беше задолжен.
– Но, зарем не замина ти на Островот?, – го праша Клеменсија.
– Излажав, – одговри Фабијан во своја одбрана. – Тоа беше единственото злосторство кое го сторив. Сега, ако сакате да ме ставите во затвор за тоа, повелете госпоѓице Клеменсија. Но, нема да молчам. Ќе кажам се што знам за Артемио, – додаде Фабијан и ја напушти просторијата.
– Можеби Фабијан ја зборува вистината, – рече Клеменсија откако остана насамо со Алехандро. – Единствен виновник е Артемио. Да не беше така немаше да се обиде да го убие.
– Кога?
– Кога одевме за Веракруз. На патот се испречи камион кој очигледно имаше цел да не турне од патот. Возеше директно кон нас.
– И зошто мислите дека бил обид за убиство?
– Никој не може да ме разубеди во спротивното. Сигирно целта била Фабијан, а зад обидот стоел Артемио. Немам никаков сомнеж дека бил тој злобник.

Лоренсо влезе во кујната каде што Висента ги миеше чиниите од појадокто. Пријде до неа, ја зеде за рака и ја седна на масата.
– Седни, сакам да зборувам со тебе. Пред се сакам да знаеш дека те љубам како ниедна жена претходно.
– За што сакаш да зборуваме, – го праша таа откако седна наспроти него на масата.
– Се што ти кажав за мојот живот е лага. Дојдов во Сан Кристобал платен од Артемио Сантибањез.
Висента стоеше мирна како статуа. Лоренсо се обиде да ја допре нејзината дланка, но таа грубо го одби.
– Признавам дека кога те запознав се беше исценирано, се беше игра, – додаде Лоренсо.
– Не било игра туку валкана работа, – рече Висента со солзи во очите.
– Наречи го како сакаш, но јас те засакав, Висента.
– Не лажи.
– Не е лага. Повеќе не работам за Артемио. Тој не го знае тоа, но повеќе не му принесувам никакви информации. Ме натера да бидам крај тебе за да те заведам за да омекнеш и да и дозволиш на Матилде да го прифати како татко. Но, кога ја прифатив таа задача не очекував дека ќе ме спои со жената која ќе ми го украде срцето.
– Не ти верувам.
– Немам потреба да те лажам, Висента. Го правам ова иако со истото си го ризикувам животот. Не знам колку знаеш за Аретмио, но тој е опасен човек. Убиец. Може лесно да ме елиминира кога ќе дознае дека му го вртам грбот.
– Сеедно ми е за предавник како тебе. Се надевам дека во животот нема да морам да те видам, – додаде таа и ја напушти кујната.

Алехандро влезе во лобито на хотелот Реал дел Монте и пријде до рецепција каде што Бенигно си ги вршеше своите дневни обврски.
– Здраво.
– Здраво.
– Бенигно, потребна ми е твоја помош. Слушнав дека Артемио Сантибањез има агенција за вработување во Мексико Сити.
– Што, сакаш да бараш работа?
– Не, ќе отворам свое студио во Мексико Сити и потребни ми се работници.
– Веднаш ќе ти ја дадам адресата, – рече Бенигно и прочепка по роковникт. – Патем, Аурора те бараше. Ми го остави нејзиниот број да ја побараш. Дала отказ во клиниката, сакала да работи како актерка.

За време на паузата во својата ординација, Дијана го искористи слободниот момент и се јави на хациендата Ла Луна каде ја побара Марија Клара.
– Кој ја бара?, – праша Алтаграсија, од другата страна на линијата. – А, докторке, не ве познав. Госпоѓата е болна.
– Од што е болна?, – праша Дијана.
– Не знам дали смеам да ви кажам, госпоѓице, потоа да не речат дека сум душкало. Ќе ве поврзам со неа.
– Ти благодарам, Алтаграсија.

Марија Клара лежеше во својата соба, со пригушлива светлина кога влезе Алтаграсија со телефонот в рака.
– Докторката Дијана сака да зборува со вас, госпоѓо.
– Ти благодарам, – рече младата жена и ја зеде подадената слушалка од слугинката. – Ало?!
– Како си, Марија Клара?
– Добро.
– Како тоа добро? Ми кажаа дека си болна.
– Го загубив детето, – одговори Марија Клара не можејки да ги сопре солзите.
– Навистина жалам. Како се случи?
– Спонтан.
– Тоа се случува често кај младите мајки, не треба да очајуваш. Мораш да се соочиш со тоа и да продолжиш понатака.
– Немам воља за ништо.
– Не зборувај така. Не е крај на светот.
– За светот не, но за мене е. Сакав промена, сакав да живеам поинаков живот а добив само трагедии за возврат.
– Точно е дека имаше непријатни и тажни моменти, но се е минато, Марија Клара.
– Што сакаш да кажеш? Дека повеќе нема да страдам?
– Тоа никој не може да ти го вети, но мораш да продолжиш да се бориш.
– За што да се борам? Се е бесцелно.
– Не ми се допаѓа што звучиш вака, Марија Клара. Мораш да најдеш мотив да продолжиш да живееш.

Уште само 7 продолженија до крајот!

 

 

 

LucasScott | ТВ Пакет


МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!