Додека продуцентите на американската телевизија CBS се подготвуваат за снимањето на римејкот на „Charmed“ кое ќе почне наскоро и покрај негодувањето на фановите и актерите од првобитната постава, Алиса Милано на социјалната мрежа Твитер ги запраша своите сестри од сетот едно многу интересно прашање.
– „Дефинитивно би снимала филм за волшебничките, а вие девојки?“, напиша актерката која ја толкуваше сестрата Фиби Халивел и ги пингаше колешките Шенон Доерти, Холи Мери Комбс и Роуз Мекгован.
На изненадување на нивните Твитер следачи, прва која одговори на ова прашање е Шенон, за која се шпекулираше дека не е во добри односи со Алиса.
– „Со задоволство. Серијата остави доволно неразјаснети работи за да се сними добар филм“, напиша Шенон Доерти која влезе во војна со продуцентите во текот на снимањето на третата сезона од оваа серија поради што истите мораа да го убијат нејзиниот лик. Овој нејзин твит значи уште едно смирување во Холивуд.
„Волшебнички“ во Македонија се емитуваше на А1 телевизија, а после неколку години репризно и на Алсат-М. Серијата доживеа осум сезони за кои се снимија 178 епизоди. Во прилог е архивна снимка од најавата на А1 телевизија.
| ТВ Пакет