Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #25 |Alevosía

Предавство, епизода #25 |Alevosía

 

Октавио се проколнува што не успеал да ја прегази Лусија, откако Густаво ќе и притрча во помош и ќе ја повлече од возилото кое за малку ќе ја чинеше живот.

Октавио се проколнува што промашил за малку, но сепак се колне дека ќе и се одмазди на Лусија.

Денови подоцна.

Се е подготвено за венчавката на Анхелес и Дарио. Доња Инес кој ачувствува силни болки во ногата, сепак одлучува да присуствува на венчавката на својата прва внука. Мајката на Лусија која е позната по својето конвенционално размислување и прфрла на Лусија како можела да и дозволи на Анхелес да се омажи во бело а е бремена?!

Пред портата на црквата сите гости го очекуваат притигнувањето на невестата. Анхелес пристигнув асо лимузината но нема сила да направи чекор. Дарио кој со нетрпение ја чека саканата приоѓа до автомобилот и прашува зошто не излезе.

–          Жалам…Но, не сум подготвена за брак, Дарио. Те молам немој да го сфатиш ова лично.

Момчето е шокирано и не може да си поверува во она што го слуша. Анхелес му  објаснува дека по несреќниот брак на нејзините родители не сака и самата да влезе во таков кафез.

Дарио со скршено срце ги известува присутните дека венчавка нема да има.

Федерико Пењареал, таткото на Дарио ја напаѓа Лусија обвинувајкии ја дека израснала размазена и своеглава ќерка. Лусија ќе почувствува силна вртоглавица и ќе се онесвести пред таткото на младоженецот.

Лусија ја посетува Анхелес во вилата и ја прашува што се случило. Анхелес и вели на својата мајка да ја остави на сама, да се омажи за својот љубовник и дека не сака никогаш повеќе да ја види.

Октавио е решен да открие која е таинствената вонбрачна ќерка на Игнасио Соријано и најмува таен детектив за да го открие случајот.

Федерико му забранува на својот син да се гледа со Анхелес, но Дарио е решен дека ќе зборува со саканата.

Доња Инес и се жали на својата ќерка Тринидад дека ја жали Лусија, дека ништо во животот не и оди од рака.

Во меѓувреме, Нати ја советува својата пријателка дека Анхелес ќе се промени откако ќе стане мајка дека треба да има само трпение.

Анхелес му признава на Дарио дека испаничила кога ја видела толпата пред црквата дека таа не сакала голема венчавка. Му предлага да заминат на медениот месец во Пуерто Ваљарта како што планираа и таму да се венчаат во тајност. Дарио радо го прифаќа предлогот на својата сакана.

Доња Инес и вели на Тринидад дека она што го сторила Анхелес е срамно за фамилијата и и признава на својата ќерка дека Анхелес не е ќерка на Лусија.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!