Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #26 |Alevosía

Предавство, епизода #26 |Alevosía

 

Доња Инес и признава на Трини дека Анхелес била оставена пред домот на Лусија и дека никогаш не се дознало кој ја оставил таму. Трини пак стои на страната на својата внука и вели дека секој би сакал таква ќерка.

Следниот ден, Густаво ја придружува Лусија на лекар за да ги испита честите вртоглавици кои таа ги има.

Каетана дознава дека Дарио и Анхелес заминале на меден месец, иако длабоко во себе девојката се надеваше дека Дарио ќе и обрне внимание откако Анхелес го остави пред олтар.

Неколку денови подоцна, Анхелес и Дарио се враќаат од меден месец каде што и тајно се венчале.

Трини ја известува доња Инес дека Анхелес се вратила и дека се венчала со Дарио.

Октавио и се јавува на Анхелес и ја исвестува дека Игнасио Соријано имал вонбрачна ќерка со непозната жена.

Дарио ја известува својата најдобра пријателка Каетана дека се венчал со Анхелес. Со тешко срце, девојката му посакува се најубаво.

По разговорот со Октавио, Анхелес доаѓа во домот на Лусија и бара објаснување која е вонбрачната ќерка на нејзиниот татко. Лусија и одговара дека не знае ништо. Анхелес пред да замине од куќата и признава на својата мајка дека разговарала со Октавио кој и кажал дека Игнасио имал вонбрачна ќерка и прашува дали вонбрачната ќерка е таа?

Хулијан ја кани Нати на вечера а таа му вели дека никогаш нема да има ништо меѓу нив, дека таа е мажена за својата работа и нервозно бара од него да ја остави сама.

Чоле, верната домарка и советничка на Лусија и кажува на својата госпоѓа дека нејдобро е да и ја каже вистината на Анхелес. Ваквиот нивен разговор го преслушкува доња Инес која бара од Лусија да и ја каже вистината, која е вистинската мајка на Анхелес.

Сесилија му се исповеда на својот брат Диего дека е осамена откако Хаиме заминал во САД и дека и недостасува.

Следејки го советот на Чоле, Лусија и признава на Анхелес дека таа не е нејзина мајка. Но и напоменува дека и покрај тој факт секогаш ја сакала и ја гледала како своја ќерка. Анхелес во бес ќе ја истера Лусија од својата куќа велејки и дека никогаш не сака да ја види.

Дарио ја затекнува својата сопруга во солзи и таа му признава дека жената која цел живот ја сметала за мајка не и е.

Доња Инес ја прашува Чоле која е вистинската мајка на Анхелес?

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!