Од понеделникот на форумот на ТВ Пакет започна играта наречена „Дуели“, каде преку дуели ќе се избере вашиот фаворит за оваа година. Оваа недела на дуели се македонските пејачи и песни, а по нив следуваат и дуели на политичари, водители, министри, серии и ликови од серии, филмови и ликови од филмови, емисии, телевизии, странски шоуа, музичари, актери и песни, како и многу други категории.
Во првиот дуел се соочија македонските пејачи Ламбе Алабаковски и Влатко Лозаноски, како и нивните песни „Бело е се“ и „Нема ден нема ноќ“, а во вториот раперите Слаткар и Тони Зен, како и песните „Сино“ на Тамара Тодевска и „Есен во мене“ на Елена Ристеска. Доколку сакате да се вклучите во гласањето, регистрирајте се уште сега на форумот на ТВ Пакет и дадете го својот глас. Ќе се избира дуел на неделата, па на месецот и така натака се додека не се дојде до едниот и единствен, фаворит на годината. На секои два дена ќе има по два дуели се до крајот на оваа година.
Освен за дуелите, на овој форум може да прочитате и да коментирате за најновите вести од светот на сериите, филмовите и телевизијата, а и да ја прочитате и да дадете коментар за новата веб новела „Предавство“. Форумот и порталот на ТВ Пакет остануваат и понатаму ексклузивни и единствени во информациите и критиките што ви ги нудат.
Дани Петковска | ТВ Пакет