Почетна / Вебновела / Предавство, епизода #28 |Alevosía

Предавство, епизода #28 |Alevosía

 

 

И покрај сознанието дека има тумор, Лусија не ја губи вољата. Доаѓа кај Октавио и го обвинува дека украл милион долари од клиниката користејки го потписот на Игнасио.

Октавио и се заканува дека нема дозкази кои би го обвиниле и и вели дека може да ја накодоши пред советот дека Игнасио крадел пари од клиниката а таа го знаела истото.

Анхелес доживува криза и нерве напад по сонзанието дека е посвоена и дека била оставена пред вратата како мало бебе.

Октавио ја посетува Трини и и вели дека има докази кои ги обвинуваат Лусија и Густаво како соучесници во заговор за смртта на Игнасио.

Веднаш потоа, Трини и јавува на Анхелес и ја известува за она што го дознала, дека Лусија и Густаво го убиле Игнасио Соријано за да владеат со клиниката.

Октавио случајно се сраќава со Сесилија, најмалата ќерка на Лусија и и дели комплимент оти пораснала во вистинска убавица.

Лусија и признава на Нати дека има тумор, и ја замолува својата пријателка да не каже никому.  Нати со болка во душата ја прегрнува својата пријателка тешејки ја дека ќе биде со неа секогаш.

Сесилија не може да престане да размислува за она што и го кажа Октавио и му признава на својот брат Диего дека по долго време веќе не мисли на Хаиме и дека има нова симпатија.

Трини и Октавио се наоѓаат во неговиот стан каде што Трини му вели дека мора да најдат докази кои би ги ибвиниле Густаво и Лусија за смртта на Игнасио. Октавио и вели да остави се во негови раце и страсно ја бакнува. Страсниот бакнеж следува кон долга ноќ полна со страсти.

Лусија е во недоумица дали да му каже на Густаво за својата состојба.

Октавио и признава на Трини дека ќе ја погоди Лусија онаму каде што најмногу ја боли, во енјзината вистинска ќерка.

Вомеѓувреме, тоа утро Сесилија добива испорачана орхидеја со картичка од Октавио Валдерама.девојката му се јавува да му заблагодари за подарокот.

Октавио пакосно и вели на Трини дека мамката е путена и веќе е загризана. Трини злобно се смее на неговиот план и повторно водат љубов.

Мануел Ваљадарес во отворен разговор со Густаво го прашува дали има врска со смртта на Игнасио? Густаво искрено му признава на својот колега дека е затекнат од ваквото прашање, но дека е невин. Тогаш, Ваљадарес му признава дека постои клевета против него за замена на пилулите кои ги пиел Игнасио, но дека му верува на Густаво и прават сојуз каде што двајцата ќе молчат чекајки самиот виновник да се фати во стапица.

Густаво ја кани својата љубена Лусија на вечера во неговиот стан.

По долго спремање за вечерата, ненајавени гости ќе го прекинат романтичниот момет. Тетката на Густаво Мирјам и нејзиниот сопруг Габино ќе се појават на вратата од станот на Густаво.

И покрај тоа шо вечерата ќе мине во пријатен разговор, Лусија чувствува дека тетката на Густаво помалку и префлра што таа е постара од него и што нема да може да му роди деца.

Во меѓувреме, Октавио  и Сесилија излегуваат на романтична вечера. Октавио ја лаже девојката дека не може да престане да мисли на неа откако ја сретнал неодамна и ја бакнува.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!