Погледнете на какво прашање „заглави“ гледачка во денешното издание на квизот „Среќни коцки“. Прашањето бараше да се открие името на позната историска личност чие презиме е Поло.
Гледачката не само што немаше поим кој е Марко Поло, туку почна и да набројува спортови кои завршуваат на „поло“. Оваа гледачка шест пати повтори дека е многу возбудена, што ли ја возбуди толку самата си знае. Како награда доби 10 килограми брашно, а наградата можеше да биде и бурек! Тоа е таа наша чудесна земја.
| ТВ Пакет