Данската Национална Телевизија објави кои нивни актуелни ликови ќе бидат водители на најпопуларниот музички фестивал на светот „Евровизија“.
Домаќини на шоуто ќе бидат Лисе Роне, Николај Копел и Јохан Филип Асбик. Овие имиња можеби не значат ништо за вас, но кога ќе ви кажеме дека едниот од нив е ѕвезда од серијата „Премиерка“ која се емитува на Сител, тогаш сигурно веќе знаете за кого станува збор.
Јохан Филип Асбик го толкува ликот на Каспер во оваа серија и е особено популарен кај женските гледачи поради својот атрактивен изглед. Евровизија 2014 ќе се одржи на 6-ти, 8-ми и 10-ти мај во Копенхаген, Данска.
| ТВ Пакет