Со мало задоцнување започна и петтото live издание на најгледаното музичко шоу „Х Фактор“, гледачите буквално збеснаа на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер поради доцнењето на стартот на шоуто, што докажува дека популарноста на истото се повеќе расте. Иако беше најавено дека шоуто ќе го отвори Тамара, сепак тоа го стори Маид со песната „Красива“ од Здравко Чолиќ и доби одлични коментари. „Блесна на сцената, дај ни малку од таа енергија“, рече Емина.
Со мало задоцнување започна и петтото live издание на најгледаното музичко шоу „Х Фактор“, гледачите буквално збеснаа на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер поради доцнењето на стартот на шоуто, што докажува дека популарноста на истото се повеќе расте. Иако беше најавено дека шоуто ќе го отвори Тамара, сепак тоа го стори Маид со песната „Красива“ од Здравко Чолиќ и доби одлични коментари. „Блесна на сцената, дај ни малку од таа енергија“, рече Емина.
Харис Чато ја пееше песната „Billie Jean“ од Мајкл Џексон и доби позитивни критики од жирито. Судиите му рекоа дека оваа песна потполно му лежи на неговиот стил и оти би требало почесто да пее вакви песни.
Илма Карахмет ја изведе песната „Mercy“ од Дафи. Жирито коментираше дека песната и стои одлично, а твитерџиите велат дека доминира.
Докторите се претставија со песната „Freedom“ од Џорџ Мајкл која важи за неофицијална химна на геј популацијата. Докторите добија само позитивни критики како од жирито така и од публиката на социјалните мрежи.
Александра Брковиќ ја изведе „Where have you been“, а твитерџиите се согласија дека тоа е нејзината најдобра изведба досега, ако не и најдобра изведба воопшто во шоуто.
Алекса се обиде да освои симпатии со песната „Ai Se Eu Te Pego“ а судиите ги пофалија неговите движења на сцената. Кристина за него зборуваше дека е вистински поп пејач и оти треба да пее вакви песни.
На сцената се појави и Лорин која отпеа две песни, „My heart is refusing me“ и евровизиската „Euforia“.
Даниел Кајмакоски го отпеа одличниот хит и воедно најголемиот хит за минатата година – „Wake me up“.
Лукијан ја изведе песната на Жељко Јоксимовиќ „Лудак као ја“ и доби позитивни коментари особено од Жељко. Останатите членови на жирито исто така имаа позитивни коментари.
Тамара Миланович ја изведе бавната верзија на „Umbrella“, а Емина и рече дека очекувала оваа песна да ја отпее на друг начин, односно малку побрзо. Истата критика ја имаа и гледачите преку социјалните мрежи.
Женскиот бенд 4U ја изведе песната „When love takes over“. Емина ја пофали Катарина и рече дека прв пат ја слуша како пее. Веднаш потоа Катарина беше нападната со негативни коментари од твитерџиите. Пејачката изјави дека не разбира македонски, па водителката Снежана Велков и врати така што ја праша дали овој пат ќе пее. Низок удар.
Гледачите гласаа и одлучија дека во двобојот треба да се најдат Харис Чато и групата 4U. Харис ја отпеа песната „Cry me a river“, а девојките „California king bed“. Двата изведувачи добија по два гласа, а Емина се однесуваше непрофесионално со тоа што изјави дека глупаво е да се праша за кого ќе гласала таа во овој двобој. На крај, публиката одлучи и девојките си заминаа тома. Кристина Ковач се расплака.
Крис Манев | ТВ Пакет