Лусија во самотија страда поради неизлечивата болест. Откако ги доби резултатите од биопсијата, нејзиниот поглед на животот е сосема променет. Размислувајки за бурниот живот кој го имаше со Игнасио, Лусија се кае за многуте неправилни одлуки кои ги има донесено во животот.
Лусија ги лаже своите роднини и пијатели дека ќе замине во Хјустон на конгрес, иако жената заминува на експериментална терапија.
Нешто подоцна во мансионнот, Чоле ја затекнува Лусија како плаче на само . во потреба да сподели со некого, Лусија и кажува на својата нана дека боледува од тешка болест. Чоле е скршена, бидејки секогаш ја гледала Луисја како своја ќерка.
Хаиме му кажува на Диего дека Сесилија го оставила за Октавио. Диего не може да поверува дека неговата помала сестра се гледа со тој човек.
Лусија го посетува Октавио и бара од него да ја остави нејзината ќерка. Октавио цинично и одговара дека само ако таа го врати во болницата ќе ја остави Сесилија.
Дарио и Анхелес постојано се расправаат и младио маж бара утеха во својата пријателка Моника.
Во меѓувреме пак, Анхелес го посетува Густаво со цел да го извести дека е среќна во бракот со Дарио и дека сака да заборави на се лошо што минале двајцата.
Густаво не може да поверува кога Луисја ќе го извести дека Октавио се враќа во болницата како директор. Лусија го моли да не бара објаснувања и дека има свои причини. Кога тој ќе ја замоли да ја допрати на аеродромот за летот за Хјустон, Лусија го одбива.
Октавио и Тринидад слават за триумфот и неговото враќање во болницата. Октавио и вели на Трини дека следна негова цел е да му се одмазди на Хирургот Монтанер и да го смести зад решетки.
Лусија се збогува со своите деца пред да замине за Хјустон. Чоле која од страна ја гледа разделбата, не може да ги сопре солзите.
Густаво му се пожалува на својот пријател Хоакин дека Лусија не сакала да ја испрати на аеродром и му признава дека сигурно неговата љубена крие нешто од него.
Лусија полетува за Хјустон со надеж дека ќе успее да најде лек за тешката болест.
Двајца полицајци го приведуваат Густаво во болницата, под сомнеж за убиството на Игнасио Соријано.
продолжува