Спортскиот центар Форца овој викенд (8-ми и 9-ти февруари) ќе биде местото на случување на првиот спортски и моден аутлет хепенинг кога на теренот со своите парчиња по исклучително ниски цени ќе се претстават најголемите модни брендови во Македонија. Calvin Klein, Sergio Tacchini, Nike, Adidas,OVS Industry, Converse, LTB, Cat, Reebok, Champion. Шопинг по аутлет цени надополнет со опуштена музика, храна, вино и забава за најмладите се само дел од активностите кои посетителите во Форца ќе имаат можност да ги уживаат.
– Целта на настанот е потрошувачите и посетителите на аутлет викендот да си отидат од Форца задоволни, со полни кеси но и полни паричници. Додека го прават својот шопинг, родителите можат да ги остават своите деца во детското катче каде што ќе бидат анимирани од професионалци, а истовремено можат да уживаат во дегустација на храна и пијалоци по аутлет цени, со специјални пакети достапни за секого. За забавата во текот на целиот викенд ќе биде задолжен Дј Мартин од Антена 5 радио мрежа, а подготвуваме и многу други изненадувања за посетителите – изјави Димитар Делевски, маркетинг директор на Форца, на денешната средба со новинарите.
Ова е прв настан од ваков карактер кој што се случува во Македонија. Во светот редовно се одржуваат модни аутлети, па токму затоа организаторите најавуваат настанот да заземе поширок карактер и да се одржува два пати годишно. Аутлет викендот ќе започне во сабота во 10 часот и дента ќе трае до 20 часот, а во недела шопингот во Форца ќе трае до 18 часот.
| ТВ Пакет