Шансите за пласман на Олимписките Игри во Лондон се изгубени, македонската репрезентација претрпе и втор пораз (27-23), овојпат од домаќинот Шведска. Со овој пораз се стави крај на олимписките соништа за македонските ракометари. На крајот од натпреварот еден шведски ракометар го нападна нашиот голман, а тоа секако предизвика незадоволство кај целиот македонски тим. За да се избегне инцидент тој играч беше тргнат од теренот од самите Швеѓани. Утре Македонија игра со Бразил во 14.45 часот.
Martin M. | ТВ Пакет