Христијан Спировски е млад македонски талент, кој веќе некое време ги воодушевува патниците на аеродромот во Мелбурн со дел од најубавите македонски песни. Има само 26 години, а неверојатен талент за музика. Христијан вели дека ова е тоа што целосно го исполнува, а особено го радува реакцијата на оние кои го слушаат.
– „На аеродром свирам веќе неколку месеци и луѓето се многу среќни, музиката на минувачите многу им се допаѓа, едноставно сакаат да слушаат балканска и посебно македонска музика, вели Христијан за ТВ Пакет.
Слушнете една од неговите изведби, со која со сигурност ќе ги освои и вашите симпатии.
| ТВ Пакет