Втората сезона на македонската верзија на најинтересното танцово шоу во светот, „Танц со ѕвездите 2“ станува се поинтересна за гледачите. Големото искуство на професионалните танчари кои се дел од „Танц со ѕвездите“ дава одлични резултати кај македонските ѕвезди. Доказ за тоа е и следната епизода во која за прв пат ќе бидат дадени две десетки за една танцова двојка.
Вечерва во 20:15 часот на првиот програмски сервис на Македонската Радио Телевизија ќе ја гледаме најновата епизода, трета по ред елиминациона, во која уште една танцова двојка ќе го напушти шоуто. Продукцијата и овој пат подготви изненадување, па на сцената ќе ја видиме Марија Маленкова – Балкански танцов шампион со своја кореографија. Не пропуштајте да дознаете која танцова двојка го воодушеви жирито и заслужено освои две десетки.
| ТВ Пакет