Ватерполистот и фотомодел, Стефан Лошковски и неговата професионална танцова партнерка Симона Веселиновска го изиграа последниот танц во втората сезона на „Танц со ѕвездите 2“.
Стефан и Симона во третата елиминациона емисија настапија со танго. Иако во претходните емисии беа далеку од излегување, сепак конечниот одговор го даде публиката која не им даде доволна поддршка за да продолжат да се натпреваруваат во шоуто „Танц со ѕвездите“ на МРТ.
Во продолжение погледнете го последниот танц на Стефан Лошковски и Симона Веселиновска.
{gallery}022014/stefan-l{/gallery}
| ТВ Пакет