Почетна / Телевизија / Х Фактор / На кого тоа му пречи шоуто „Х Фактор“?!?

На кого тоа му пречи шоуто „Х Фактор“?!?

Одеднаш на некои портали се појавија написи во кои се вели дека на Србите им пречел македонскиот јазик, а на нас не ни пречи шоу од три часа на српски јазик. ТВ пакет се обрати за подетални информации и го доби следниот одговор:

 

Поради огромната популарност и гледаност секоја недела талент шоуто Икс Фактор нормално предизвикува се поголемо внимание во јавноста.

 

 

Одеднаш на некои портали се појавија написи во кои се вели дека на Србите им пречел македонскиот јазик, а на нас не ни пречи шоу од три часа на српски јазик. ТВ Пакет се обрати за подетални информации и го доби следниот одговор:

– „Во Икс фактор имаме сценарио по кое работат сите тројца водители. Се е однапред договорено со сценаристите на шоуто. Пред секое прашање на македонски, ако некој од кандидатите не ме разбере истото тоа прашање го поставувам на српски, а во вклучувањето во живо го поставувам на македонски. И бидејќи некои разбираат се, некои само нешто, се договоривме со Илма таа на моето прашање на македонски да каже ‘не контам’ за веднаш потоа мојата колешка Уна да се обиде да преведе, но таа тоа не го стори, бидејќи Илма во истиот момент на македонски одговори: ‘Разбирам, разбирам’ и потоа си одговори на моето поставено прашање. Апсоултно ама досега никаков проблем не сум имала со тоа што сум зборувала на македонски со кандидатите или со луѓето од продукцијата, тие се секогаш на највисоко професионално ниво и многу симпатично реагираат на мојот мајчин јазик и ме тераат што почесто да комуницирам со нив на македонски за да можат да го запознаат јазикот што подобро“, изјави македонската водителка Снеже Велков за ТВ Пакет.

 

 

После сето ова се прашуваме, на кого тоа му пречи всушност Икс Фактор во моментов?

И како тоа не им пречи албанскиот Икс Фактор кој се емитува на Алсат без превод на македонски? Да, таа телевизија е наменета пред се за албанската популација, но кога веќе се емитува на територија на Македонија, тогаш зошто целата програма не е преведена на македонски?

Или како тоа нема превод на македонски, на регионалната ТВ ЕДО, каде што понекогаш се емитуваат филмови со босански превод?
 
Зошто за тоа досега никој не зборувал и не пишувал?

 

 

Исто како што српските портали ја користат популарноста на ова шоу и пишуваат глупости од типот на ова за македонскиот јазик, исто така и некои наши портали ја користат популарноста на Икс Фактор и на Даниел Кајмакоски и објавуваат се и сешто само за да бидат почитани.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новиот Кајмакоски го расплака жирито на „Икс фактор“

  Давид Темелков е новиот македонски икс фактор     22-годишниот Скопјанец Давид Темелков е …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!